Опис
Стиродур декоративен панел 651-218 – црвена тула / сива фуга
Стиродур декоративниот панел модел 651-218 претставува современо и практично решение за декоративно уредување на ѕидови во внатрешни и надворешни простории. Панелот обезбедува реалистичен 3D визуелен ефект со изглед на црвена фасадна тула со сива фуга, комбинација која создава јасен контраст, длабочина и изразен архитектонски карактер во просторот, без потреба од користење масивни тули или сложени градежни интервенции.
Основниот материјал на панелот е ЕПС (експандиран полистирен), кој овозможува мала тежина во однос на димензиите, лесно ракување и добри термоизолациски својства. Ова овозможува брза и чиста монтажа, како и олеснет транспорт и обработка. Видливата декоративна површина е изработена од минерален слој на база на мермерен песок и акрилни врзива, што му дава природна текстура, зголемена цврстина и автентичен изглед на вистинска тула со изразена фуга.
Комбинацијата на овие материјали резултира со панел кој е визуелно многу реалистичен, стабилен и издржлив, со изразен релјеф и природен изглед, погоден за различни типови на ентериери и екстериери.
Примена на декоративниот панел
Стиродур декоративниот панел 651-218 е погоден за употреба во:
дневни соби и спални
ходници и трпезарии
канцеларии и деловни простории
ресторани, кафулиња и хотелски објекти
станбени и комерцијални простории
Комбинацијата на црвена тула и сива фуга овозможува одлично вклопување во индустриски, класични, модерни и урбани стилови на уредување, како акцентен ѕид или како целосна декоративна ѕидна облога.
Надворешна употреба – фабричка препорака
Панелите може да се користат и како надворешен декоративен елемент на фасади на куќи и деловни објекти.
При надворешна употреба, фабрички е препорачано:
користење лепак за стиропор
после завршена монтажа, панелите задолжително да се премачкаат со безбоен лак за камен
дополнителна заштита од UV зраци и атмосферски влијанија
Со соодветна заштита, панелите ја задржуваат бојата, структурата и декоративниот ефект на долг рок.
Квалитет, тежина и комфор при користење
Стиродур декоративните панели од Trisoro се произведени со посебно внимание на квалитетот на материјалите и комфорот при користење. Панелите не испуштаат непријатна миризба, што ги прави погодни за внатрешни простории за живеење и овозможуваат просторот да се користи веднаш по монтажата.
Поголемата тежина по панел, во споредба со полесни алтернативи на пазарот, е резултат на поголема количина материјал и минерална завршна обработка, што обезбедува:
поголема цврстина и стабилност
подобар визуелен и тактилен квалитет
поголема отпорност на оштетувања
подолг век на траење
Клучни предности
ЕПС основа со минерална завршна површина
лице од мермерен песок со текстура на црвена тула и сива фуга
реалистичен 3D релјеф
без непријатна миризба
погоден за внатрешна и надворешна употреба
можност за бојадисување со водоразредливи бои
брза и чиста монтажа
придонес за подобрување на топлинска и звучна изолација
отпорност на влага и димензионална стабилност
Сертифициран квалитет и технички карактеристики
Стиродур декоративните панели се изработени согласно европските стандарди TS EN 13163 и поседуваат CE ознака, во согласност со Регулативата CPR 305/2011 (EU). Панелите имаат реакција на пожар – класа E според EN 13501-1, како и самогасливо својство според DIN 4102 – B1.
Материјалот е стабилен при нормални услови на употреба, не испушта штетни материи и е погоден за внатрешни простории за живеење.
Потребен алат и материјал за монтажа
За монтажа на Трисоро панелите потребни се:
метро, скалер, линеар и либела
силикон или пурлепак (за внатрешна употреба)
прашкаст лепак за стиропор (за надворешна употреба)
У врска или средство за подобрување на лепливоста на ѕидот
средство за дополнителна UV заштита (за фасадна примена)
Начин на монтажа
Прво се проверува дали ѕидната површина е стабилна и не се рони. Доколку има нестабилен слој, истиот се отстранува и површината се премачкува со средство за подобрување на лепливоста. Со либела се обележува рамна линија за правилно нивелирање. Лепакот се нанесува на поголем дел од задната страна на панелот, по што панелот нежно се притиска кон ѕидот без удирање. При надворешна употреба, по монтажата се нанесува дополнителна UV заштита.
Одржување
Панелите монтирани во внатрешни услови се чистат со влажна крпа.
Не смеат да се користат средства на нитро основа.
Сите средства мора да бидат на водена основа.
Често поставувани прашања
Дали панелот може да се бојадисува?
Да, со водоразредливи бои.
Дали е погоден за надворешна употреба?
Да, со задолжителна употреба на лепак за стиропор и заштитен лак за камен.
Дали е тежок за поставување?
Не, панелите се лесни за ракување и се монтираат со лепење.
































Критики
Нема критики сеуште.