Политика за достава
Политика за производи во Trisoro ги опфаќа условите за достава, поврат на средства, замена на производи и дополнителни услуги поврзани со испорака.
Доставата се врши во рок од 3 до 5 работни денови, во зависност од производот, количината и локацијата за достава. Цената за достава не е фиксна и зависи од количината, тежината, димензиите на производите и местото на испорака.
Доставата се организира преку надворешна транспортна служба и не се врши со сопствено возило на Трисоро. Испораката се врши до порта, двор или влез на зграда. Внесување во куќа, стан, деловен простор, качување по скали или носење на производите до одредена просторија не е вклучено во основната цена за достава.
Доколку клиентот бара дополнителна услуга за внесување или носење на производите внатре, истата се договара однапред и се наплаќа дополнително, во зависност од условите на објектот и количината на производите.
Трисоро го задржува правото да го продолжи рокот за достава во одредени случаи, доколку за одредена релација нема доволен број пратки за организирање транспорт.
Во таков случај клиентот ќе биде навремено информиран за можниот термин на испорака.
Политика за поврат на средства
Производот кој не ви одговара може да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето, доколку е неоштетен, неупотребуван и во неоштетено оригинално пакување.
Политика за замена на производ
Производот може да се замени во рок од 7 дена од денот на преземањето, доколку е неоштетен, неупотребуван и во неоштетено оригинално пакување. Пред замена, потребно е клиентот претходно да нè контактира телефонски за да се најави замената. Трошоците за достава при замена се на товар на клиентот.
