Опис
Стиродур декоративниот панел модел 679-202 претставува современо и практично
решение за декоративно уредување на ѕидови во внатрешни и надворешни простории.
Изработен е од лесен и цврст стиродур, кој овозможува едноставна монтажа
и изразен 3D визуелен ефект.
Панелот има релјефна текстура што му дава модерен изглед на просторот,
без потреба од дополнителни градежни интервенции или сложени завршни работи.
Погоден е за примена во дневни соби, спални, ходници, канцеларии,
ресторани, кафулиња и други станбени и деловни објекти.
————————————————————————————————————————-
Надворешна употреба – фабричка препорака
Стиродур панелите може да се користат и како надворешен декоративен елемент
на фасади на куќи и деловни објекти.
При надворешна употреба, фабрички е препорачано:
– користење лепак за стиропор
– по бојадисување, панелите задолжително да се премачкаат со безбоен лак за камен,
со цел заштита на бојата од UV зраци и атмосферски влијанија.
Предности Лесен и цврст стиродур материјал
Декоративен 3D релјеф
Може да се бојадисува
Погоден за внатрешна и надворешна употреба
Брза и едноставна монтажа
Достапен во различни димензии
————————————————————————————————————————-
Често поставувани прашања
Дали панелот може да се бојадисува?
Да, може да се бојадисува со водоразредливи бои.
Дали е погоден за надворешна употреба?
Да, со задолжителна употреба на лепак за стиропор и заштитен лак за камен.
Дали е тежок за поставување?
Не, панелите се лесни и се монтираат со лепење.
Пример од реализирани проекти со модел 679-202



















Критики
Нема критики сеуште.